Објавено на:

Кремљ за украинската криза: Светот почнува да разбира – ако има дијалог, постои и можност!

t

Москва забележува дека се повеќе светски државници зборуваат за дијалогот за Украина бидејќи тоа овозможува да се најде решение, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Гледаме дека се повеќе државници зборуваат за дијалог. Можно е да не се согласуваме за нешто, може да не се согласуваме за многу работи, но ако има дијалог, постои и можност да се најде решение“, изјави Песков за порталот Лајф.

Тој, исто така, рече дека Кремљ се сомнева дека земјите на НАТО ќе ги разгледаат мировните иницијативи на индискиот премиер Нарендра Моди.

„Деновиве се одржува самитот на НАТО. Целата реторика што и претходеше сведочи за фактот дека земјите од Алијансата веројатно нема да ги слушаат мировните иницијативи на Моди. Ќе продолжиме да следиме какви пристапи ќе доминираат на самитот“, изјави портпаролот на Кремљ.

Самитот на НАТО се одржува во Вашингтон од 9 до 11 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД со глобално предупредување до своите граѓани:…

Американскиот Стејт департмент издаде Worldwide Caution –…

САД со серија безбедносни предупредувања низ Блискиот…

Во период од само неколку часа, американските…

Ле Пен и Бардела со драматична промена…

Француската десница испрати едно од своите најостри…

(Видео) Додека Европа се подготвува за војна…

Во момент кога Европа е во состојба…

Унгарија ќе им исплаќа пари за гориво…

Унгарија ќе им исплаќа по 5.000 форинти,…