Кремљ: Зеленски е во многу тешка ситуација
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во многу тешка ситуација бидејќи престанаа да му даваат пари од странство, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Нема муниција за него во странство, земјата е нестабилна, има многу незадоволни луѓе“, изјави Песков за новинарите.
Според него, Европејците потрошиле многу пари за Украина, но таа инвестиција пропаднала.
Во моментов сите европски метрополи се тркаат да прогласат ефемерна опасност од Русија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на германскиот министер за одбрана Борис Писториус дека Берлин мора да ја разбере опасноста од воен конфликт со Русија.
„Овде сè е сосема разбирливо: Европејците потрошија многу пари за Украина. Едно време (американскиот претседател Џозеф) Бајден тоа го нарече инвестиција во разбирањето на Американците. Ако имате став дека ова е инвестиција, тогаш таа не успеа. Европејците многу добро разбираат дека потрошиле пари“, рече Песков.
Како што додаде, на Запад мора некако да се оправдаат пред даночните обврзници, особено затоа што животот во Европа од економски аспект станува се потежок.
Портпаролот истакна дека голем број Европејци почнуваат да ја разбираат погубноста од третирањето на Русија како непријател.
„Тие (европските политичари) сега треба некако да го напумпаат своето јавно мислење, вештачки да го стимулираат, измислувајќи надворешен непријател“. Кој отсекогаш бил идеален надворешен непријател за Западна Европа? Огромна Русија“, рече Песков.
Тој додаде дека скромните, но сепак, охрабрувачки гласови на оние Европејци кои „постепено почнуваат да ја разбираат погубноста на овој пристап и кои, и покрај постоечките несогласувања, зборуваат за потребата да се излезе од сегашната ситуација преку дијалог, а не со војна“.
„Јасно е дека може да им биде погодно да ја жртвуваат цела Украина, до последниот Украинец, и да ја жртвуваат за свои интереси. Но, Украина е исто така преголема земја за Европа едноставно да се жртвува“, изјави Песков за новинарите.
Германскиот министер Борис Писториус претходно изјави дека Берлин мора да ја разбере опасноста од воен конфликт со Русија и затоа Германија треба да се вооружи.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, неодамна изјави дека ситуацијата на бојното поле не и оди во прилог на Украина и дека Западот во својот „информациски свет“ почнал да ги менува изјавите и паролите против Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека…
Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…
Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…
Фон дер Лајен: Украина ќе може да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…