Кремљ: Кој и да биде претседател на Турција, нашата соработка ќе напредува
Кремљ денеска соопшти дека односите меѓу Москва и Анкара ќе продолжат да се „продлабочуваат“ без разлика кој ќе победи во вториот круг од претседателските избори во Турција.
„Со големо внимание и интерес ги следиме информациите што доаѓаат од Турција. Ќе го почитуваме изборот на турскиот народ. Но, во секој случај, очекуваме нашата соработка да продолжи, продлабочи и да се развива“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Според него, Русија и Турција имаат заемно корисна соработка во енергетиката, туризмот, трговијата, земјоделството и воздушниот транспорт.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е на власт 20 години, во тесното гласање вчера, не успеа да победи во првиот круг. Второто изборно соочување меѓу актуелниот претседател и неговиот ривал Кемал Киличдароглу е закажано за 28 мај.
Историски компликуваните односи меѓу Турција и Русија драстично се подобрија во последните години, водени од пријателството меѓу Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин.
Киличдароглу минатата недела ја обвини Русија за мешање во предизборната кампања, обвинувајќи ја дека стои зад објавувањето на изменети слики што поттикнаа еден опозициски кандидат да се повлече од трката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…