Објавено на:

Кремљ: Неточни се тврдењата дека Путин го отфрлил мировниот план на САД, можни разговори со Трамп

t

Тврдењата дека рускиот претседател Владимир Путин го отфрлил мировниот план на САД не се точни. Тоа не е случај, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Не, тоа тврдење не е точно. Поентата е дека вчера беше првата директна размена на мислења. Некои од точките од планот за Украина беа прифатени за време на разговорите меѓу Путин и Виткоф, додека други беа означени како неприфатливи. Ова е работен процес, потрага по компромис. Руските претставници се подготвени да се сретнат со своите американски колеги колку што е потребно за да се постигне решение“, рече Песков.

Тој додаде дека Кремљ се надева дека САД, како и Русија, нема да откријат детали од преговорите. „Колку потивко се водат преговорите, толку попродуктивни ќе бидат“, рече Песков. Портпаролот на Кремљ додаде дека е можен телефонски разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп. „Телефонски разговор е можен во секое време.

Постои можност тој да се организира оперативно“, рече тој. Потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин во вторник разговараше со претставникот на американскиот претседател, Стивен Виткоф. Разговорот, кој траеше околу пет часа, беше конструктивен, многу корисен и информативен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…