Објавено на:

Кремљ објави детали за четиричасовниот состанок меѓу Путин и Ердоган

t

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на состанокот во Сочи договорија зајакнување на економската и енергетската соработка, соопшти Кремљ.

За време на четиричасовната средба, двајцата лидери се договорија за „зајакнување на трговската размена“ меѓу двете земји и „дејствување во насока на заедничките очекувања во областа на економијата и енергетиката“, се наведува во соопштението за медиумите.

Станува збор пред сѐ за транспортниот сектор, земјоделството, финансиите и градежништвото, како и туристичкиот сектор.

На политичката страна, тие ја истакнаа „клучната важност на искрените, отворени и доверливи односи меѓу Русија и Турција со цел да се обезбеди регионална и меѓународна стабилност“, се нагласува во соопштението.

На почетокот на средбата во Сочи, Путин му се заблагодарил на Ердоган за неговите напори што овозможија да се постигне договор меѓу Москва и Киев за извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море.

„Благодарение на вашето директно учество и посредништвото на Генералниот секретаријат на ОН, проблемот поврзан со извозот на украинското жито од пристаништата на Црното Море е решен. Испораките се веќе започнати и ви благодарам за тоа“, рече Путин.

Нагласиле дека е неопходно целосно да се спроведе договорот за извоз на жито постигнат во Истанбул, вклучително и руското жито, ѓубривата и суровините за нивно производство, се вели во заедничката изјава. Турција минатиот месец посредуваше во договорот меѓу Украина, Русија и ОН во Истанбул за обновување на извозот на жито од украинските пристаништа на Црното Море по повеќемесечната блокада.

Путин ја спомена и улогата на Анкара во транзитот на руски гас во Европа преку гасоводот Турски тек. „Европските партнери треба да ѝ бидат благодарни на Турција бидејќи таа обезбедува непречен транзит на рускиот гас. Тие се договорија дел од рускиот гас да се плаќа во рубљи, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на рускиот вицепремиер Александар Новак.

Путин и Ердоган потврдиле и дека се решени да соработуваат во борбата против сите терористички организации во Сирија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гејминг-индустријата на Србија ги удвои приходите минатата…

Минатата година српската индустрија за игри заработила…

Водителка пронајдена мртва во стан во Белград

Безживотното тело на Б.Ј. (1977) е пронајден…

Вучиќ ни се налути: Коспонзорството на резолуцијата…

Претседателот на Србија Александар Вучиќ коментирајќи го…

Даштевски: ДИК е подготвена да спроведе фер,…

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски…

Шолц: Војната во Украина би можело да…

„Никој не може да каже дали оваа…