Објавено на:

Кремљ одби да го коментира извештајот дека САД се подготвувале за руски нуклеарен напад во Украина

t

Кремљ во понеделникот одби да го коментира извештајот на Си-Ен-Ен дека САД почнале ригорозно да се подготвуваат кон крајот на 2022 година за Русија потенцијално да ја нападне Украина со нуклеарно оружје.

Си-Ен-Ен во саботата објави дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден е конкретно загрижена дека Русија може да употреби тактичко или нуклеарно оружје на бојното поле во Украина.

Си-Ен-Ен соопшти дека американските разузнавачки агенции добиле информации дека имало комуникации меѓу руските официјални лица кои експлицитно разговарале за нуклеарен напад во 2022 година.

„Ова е тип на шпекулации што се објавуваат во различни весници“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Мислам дека тоа не заслужува никаков коментар“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…

Во рамките на апелот на Црвениот крст…

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…