Кремљ призна дека руската армија има проблеми со опремата
Кремљ денеска призна дека руската армија има проблеми со опремата, на што неодамна алудираше и рускиот претседател Владимир Путин.
„Сите слушнавте што рече претседателот на состанокот на Координативниот совет. Навистина имаше проблеми со опремата“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
Според него, дел од проблемите се уште постојат, но тие се решаваат.
Се преземаат мерки за отстранување на овие проблеми“, рече Песков
Потсетиме дека Путин вчера изјави дека „опремата на руските војници мора да биде модерна и ефикасна“ за да ги исполни барањата на руската „специјална воена операција“ во Украина. Тој, исто така, ја повика руската влада да го „забрза донесувањето одлуки“ за производство на воена опрема, пренесе Индекс.хр.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…