Кремљ: Путин е задоволен по размената на затвореници со Украина

t

Рускиот претседател Владимир Путин и престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман изразија „задоволство“ по размената на затвореници со Украина, со посредство на Ријад.

Во синоќешниот телефонски разговор, двајцата лидери изразија „задоволство од трансферот на странски воени заробеници во Саудиска Арабија … што беше извршено со лично посредништво на принцот престолонаследник, соопшти Кремљ.

Киев вчера соопшти дека вратил 215 украински и странски борци во размена со Москва, која вратила 55 руски затвореници, вклучувајќи го и поранешниот пратеник Виктор Медведчук, близок помошник на Путин обвинет за велепредавство во Украина.

Десет воени заробеници од повеќе земји, меѓу кои САД, Велика Британија и Хрватска, се префрлени од Русија во Саудиска Арабија во рамки на размената на затвореници Москва-Киев, соопшти вчера саудиското Министерство за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…