Објавено на:

Кремљ се радува на надворешната политика на САД која, според Москва, се „усогласува“ со светогледот на Русија

t

Кремљ денеска ја поздрави промената во надворешната политика на американската администрација на Доналд Трамп, велејќи дека аставот на САД сега „во голема мера се совпаѓа“ со рускиот во однос на геополитичката ситуација.

„Новата американска администрација брзо ги менува сите конфигурации на надворешната политика. Ова во голема мера се совпаѓа со нашата визија“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во видео објавено на каналот Телеграм.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пак, го пофали Трамп, аплаудирајќи им на САД. Лавров ги обвини Европејците, кои се мобилизираа околу Украина по петочниот неуспех на разговорите во Белата куча, дека сакаат да ја продолжат војната во Украина.

Реакциите од официјална Москва доаѓаат во клучен момент кога европските лидери се обидуваат да го поправат растечкиот јаз меѓу Киев и Вашингтон, но и самите да земат поголемо учество во процесот на постигнување одржлив мир откако средбата меѓу Трамп и Зеленски во Белата куќа резултираше со кавга.

Европските лидери и врвот на НАТО се собрани во Лондон каде дебатираат за свој предлог за постигнување мир, но и начин за „крпење“ на релациите со САД кои бележат исклучителен пад откако Трамп влезе во Белата куча.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот,…

Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично…

Повеќе од 30 членови на СДСМ од…

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…

Во Македонија 350 деца имаат дијабетес

Во Македонија има 135 илјади граѓани кои…

Министерството за спорт со поддршка за инклузивната…

Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо…

Романија крена два ловци Ф-16 поради сомнителна…

Два ловци Ф-16 на романските воздухопловни сили…