Кремљ ја осуди острата ескалација на тензиите меѓу Израел и Иран
Русија ја осудува острата ескалација на тензиите меѓу Израел и Иран и изразува загриженост по израелските напади врз Иран, изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, цитиран од локалните медиуми.
„Русија е вознемирена и ја осудува острата ескалација на тензиите“, рече Песков.
Тој додаде дека по наредба на претседателот Владимир Путин, Министерството за надворешни работи на Русија наскоро ќе објави соопштение за ситуацијата, која потоа ќе биде дистрибуирана до ОН.
Израел го нападна Иран во текот на ноќта, наведувајќи дека ги нападнал неговите нуклеарни објекти и заводи за производство на ракети и убил команданти во рамките на операцијата за спречување на Техеран да се здобие со нуклеарно оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата расте трет ден по…
Нафтата продолжува да расте поради застојот во…
Пожарникарите ноќеска имаа тешка битка со огнот…
Пожарникарите синоќа имаа тешка битка со огнот…
(Видео) Кина првпат успеа да врати дел…
Кина првпат успешно го врати првиот степен…
ОАЕ: Две ракети од Иран паднаа во…
Обединетите Арапски Емирати објавија дека откриле две…
„Ер трактор“ падна во морето во Грција:…
Уште еден инцидент со летало за гаснење…