Кривична за двајца скопјани кај кои е пронајдено оружје и муниција
Кривична за две лица кај кои што е пронајдено оружје и муниција
Секторот за борба против тероризам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на БЈБ при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицата А.М. (58) и А.М. (28), двајцата од Скопје, а поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено вчера (29.08.), врз основа на претходно издадена Судска наредба, беше извршен претрес во домот каде престојуваат пријавените, при што беа пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривично дело и тоа: пиштоли, пушка, поголема количина на муниција од различен вид на оружје и тоа калибар 357mm, 7.62x39mm, 7.62 x 25mm, 9mm и ловни патрони 12-ка, како и импровизирана експлозивна направа. Од страна на Судија на претходна постапка, на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
AfD за првпат достигна 30 отсто, имаат…
Поддршката за десничарската „Алтернатива за Германија“ (AfD)…
Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Андреј Петров: СДСМ ќе доживее катаклизма на…
Андреј Петров, уиверзитетски професор и поранешен функционер…
Кобила се ождреби на сред улица во…
На сред улица во скопската населба Карпош…
Филипче откри сомнеж за криминал од 37…
Венко Филипче конечно прозборе за сомнежи за…