Објавено на:

Кривична за 4 деца и пет родители за случајот со насилството врз малолетничката во Аеродром

t

СВР Скопје целосно го расчисти случајот од 30.06.2026 во 21:40 часот во парк во општина Аеродром, кога 12-годишно девојче, беше физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони.

-Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело „насилство“, предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторени кривични дела „поттикнување“ предвидено и казниво по член 23 од Кривичниот законик во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик и „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторено кривично дело „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, информира МВР.

Кривична е поднесена и против родителите И.В., М.В., М.П., И.А. и И.А. за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ предвидено и казниво по член 201 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…

Кривична пријава за полицаец од Драчево –…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Уапсени маж и жена од Кочани, во…

МВР информира дека се лишени двајца сопружници…

27-годишна скопјанка повеќе од еден месец била…

27-годишна девојка пријавила дека повеќе од еден…

Пијан маж ја нападнал сопствената мајка во…

На ден 16.10.2026 во 18:40 часот на…