Кривична пријава за битолчанец за „семејно насилство“, и нанел повреда на невенчаната сопруга

t

СВР Битола – Отсек за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против Џ.Р., полициски службеник во Полициската станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење на семејно насилство“, казниво по член 130 став 2 од Кривичниот законик.

На 29.01.2024 во Битола, Џ.Р. физички ја нападнал неговата невенчана сопруга и ѝ нанел телесна повреда. Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците на МВР. Одделот за внатрешна контрола изрече и мерка за одземање на оружјето од пријавениот полициски службеник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Си Џинпинг: Конкуренцијата меѓу Кина и САД…

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека…

Сузан Сарандон уапсена на протестот против Нетанјаху…

Холивудската легенда Сузан Сарандон беше меѓу уапсените…

Франција испраќа војници и ПВО во Саудиска…

Франција ќе распореди војници, радари и системи…

Британскиот премиер по 40 години го враќа…

Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека забраната…

Земјотрес вечерва стресе делови од Македонија –…

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија…