Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција преземаше предистражни дејствија и во координација со СВР Скопје, Единица за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против В.М.(31) поради основано сомнение дека сторил кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – ,,злоупотреба на службена положба и овластување”.
Пријавениот во својство на в.д. Директор на ЈКП “Гази Баба 2007” Скопје во текот на 2021 година, со неизвршување на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес, покрај останатите, ангажирал седум сезонски работници кои не потпишале писмен договор за работен ангажман во ЈП, за кои не извршил контрола на редовноста на нивните работни места, и истите биле водени како наводно да биле редовно приситни на работа а за кои пријавениот потпишал и од Буџетот на Општина Гази Баба им исплатил плата во вкупен износ од 1.218.000,00 денари за нивното наводно ангажирање, за кој износ седумте лица се стекнале со противправна имотна корист а на штета на Буџетот на Општина Гази Баба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…