Кривична пријава за инспекторка од Куманово – Полицијата со детали
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Б.(58), правен субјект и Л.Т.(61), сите од Куманово, поради сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според информациите од полицијата, првопријавениот како управител на правното лице и инвеститор на градежните работи, во текот на 2022 година, со одобрение за градење издадено на неговиот татко и на друго лице, изградил магацин спротивно на основниот проект.
При изградбата биле направени измени во текот на градбата, при што бил изграден и дополнителен кат на магацинот, без тоа да биде предвидено во проектната документација.
Третопријавената, која била градежен инспектор во Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово, според пријавата не презела службени дејствија кои била должна да ги преземе во врска со незаконската градба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…