Кривична пријава за полицаец од Гевгелија, ја злоупотребил положбата

t

Кривична пријава против полицаецот З.Л. вработен во Регионалниот центар за гранични работи Југ поради сомневање за за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „посебни случаи на фалсификување исправи“.

„Имено, З.Л. во својство на полициски службеник и претседател на комисија за утврдување на дисциплинска одговорност несовесно постапил во вршење на своите должности и овластувања на начин што во два наврати во законски предвиден рок не спровел постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против С.А., вработена во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, а за која претходно од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди е поднесена кривична пријава за примање поткуп. Исто така, З.Л. фалсификувал потпис на член на комисијата, кој лично не учествувал во донесувањето на одлуката за прекин на постапката против С.А., ниту своерачно ја потпишал“.

На тој начин пријавениот му нанел штета на угледот на Министерството за внатрешни работи.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесен предлог против З.Л. да биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе биде отстранет од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина лансира сонда која ќе собира примероци…

Кина ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина,…

На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на…