Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“ во Свети Николе за штета од 3,4 милиони денари
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Б.И. (62) од Свети Николе, поради сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според полицијата, во периодот од јули до ноември 2023 година, додека бил директор на Шумско стопанската единица „Ѓуриште“ – Свети Николе, пријавениот не постапил согласно законските одредби за обезбедување транспарентен и конкурентен избор на правно лице.
Без спроведување соодветна постапка, тој склучил три договори за купопродажба на дрвни сортименти на пенушка со правно лице од селото Бузалково, велешко.
На тој начин, според пријавата, на правното лице му било овозможено да се стекне со противправна имотна корист во износ од 3.422.592 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…
(Фото) Срби им ги пишуваат соопштенијата на…
Нов гаф во соопштенијата на опозициската СДСМ,…
ФТ: САУДИСКА АРАБИЈА, ОАЕ, КАТАР И ТУРЦИЈА…
Лидерите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати,…