Кривична пријава за предизвикување на општа опасност
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против М.К. и А.Д., двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик.
На 25.07.2024 околу 00.00 часот во дворно место во Радовиш, првопријавениот М.К., полициски службеник во ОВР Радовиш, кој не бил на работа, со службениот пиштол испукал пет куршуми во воздух, по што второпријавената А.Д., држејќи го пиштолот заедно со првопријавениот, испукале четири куршуми во воздух, со што предизвикале опасност за животот и телото на присутните.
Настанот бил снимен со мобилен телефон од трето лице, кое ја пратило снимката на А.Д., која пак ја објавила на социјална мрежа.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против М.К. и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОКОЛУ ТАЈВАН СЕ ЗГОЛЕМУВА КИНЕСКОТО ВОЕНО ПРИСУСТВО
Тајван регистрираше нова група кинески воени авиони…
Гутереш со последен голем говор пред ОН:…
Антонио Гутереш го искористи своето последно обраќање…
ДРАМАТИЧЕН ПАД НА СООБРАЌАЈОТ НИЗ ОРМУТ: Само…
Поморскиот сообраќај низ Ормутскиот Теснец практично е…
(Видео) Падна снег во Србија
Првиот снег сезонава ги побеле планинските врвови…
ТАЈНА СРЕДБА НА АЕРОДРОМ ВО ИРСКА: Зеленски…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржал неочекувана средба…