Кривична пријава за претседателот на “Ванчо Михајлов” за расизам и негирање на македонската нација

t

Обвинителството во Битола поднесе обвинение против претседателот на затворнеиор бугарски клуб „Иван Михаилов“, Љубчо Георгиевски за поттикнување омраза, раздор или нетрпеливост на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа, како и за ширење расистички и ксенофобични материјали преку компјутерски систем.

Во обвинението се вели: „Обвинетиот како овластено лице на Здружението „Центар за култура Иван Михаилов“, со намера да ги повреди чувствата на припадниците на еврејската заедница, го лоцирал просторот што го користел здружението во т.н. Еврејско маало во Битола, односно на истата улица каде што се наоѓа зградата позната како „Пионерска куќа“ во која пред Втората светска војна се наоѓало Здружението на млади Евреи „Хашомер Хацеир“. „Овој простор беше свечено отворен за користење од страна на членовите на Здружението на Центарот за култура Иван Михаилов на 16 април 2022 година на еден од најголемите еврејски празници“, велат од обвинителството.

„За да се популаризира животот, идеологијата, рехабилитацијата и илуминацијата на ликот и делото на Иван Михаилов, што е декларирана цел во Статутот на здружението, обвинетиот дозволил на влезот во просториите да биде поставена плоча со цитат од Иван Ванчо Михаилов, негирајќи ја посебноста на македонската нација“, додаваат оттаму.

„Како администратор на Фејсбук страницата на Здружението, обвинетиот континуирано објавувал публикации во кои се негира посебноста на македонскиот народ и јазик и историската улога на борците од народноослободителната антифашистичка војна 1941-1945 година за создавање на независна македонска држава. “, додаваат од обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството не може да си ги обезбеди…

Само една девојка, преживеана во кочанската трагедија,…

Кривични за демонстрантите кои сакаа да возат…

Битолската полиција поднесе кривична пријава против четири…

Калајџиев: Низа пропусти во случајот „Пулс“ –…

Целата приказна со Кочани е доста интересна…

Уапсен косовски обвинител за примање на мито

По наредба на Специјалното обвинителство на Косово,…

Обвинителството за Беланоца-Барон: Се декларираат за големи…

Со воведни зборови на Обвинителството, денеска, во…