Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“ Делчево – не им исплатил соодветни надоместоци на вработените
Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие во Делчево поради „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, поднесе кривична пријава против С.С. од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“. Пријавениот, во својство на службено лице-директор на ЈКП ,,Брегалница‘‘-Делчево ја злоупотребил својата службена положба и овластување и во периодот од декември 2023 до април 2024 година, не го испочитувал општиот Колективен договор за јавниот сектор и Законот за работни односи, при што на 76 вработени во ЈКП ,,Брегалница‘‘ не им исплатил уште по 3.500 денари по вработен, со што ги оштетил вработените со вкупна сума од 266.000 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Газда на фирма не пријавил данок од…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
(Видео) Делчево ќе биде без вода најмалку…
Пукна разводен елемент во главна шахта во…
(Фото-галерија) ООЦК Делчево годинава го освои првото…
На 24 јуни 2026 година, во преполната…
Во Делчево уреден парк со цитати од…
Во Делчево е уреден уникатен парк со…
Љутков од Разловци: Со 25 милиони денари,…
Македонија предолго живееше со страв да не…