Кривична пријава против четири лица за сторени 10 кривични дела „тешка кражба“ и „тешка кражба во обид“
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.В.(43) од с.Никуштак, Општина Липково, Х.А.(53) од Косово, А.А.(34) од с.Отља, Општина Липково и Е.А.(34) од с.Никуштак, Општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени десет кривични дела, од кои четири „тешка кражба“ и шест „тешка кражба во обид“. На 19.09.2026 во с.Долно Палчиште во куќата на А.А. одзеле сеф со златен накит, оружје и муниција во вредност од околу 160.000 евра. Во периодот од 24.11.2025 до 28.11.2025 во с.Долно Палчиште во куќата на Б.И. одзеле златен накит и пари во вредност од околу 70.000 евра. На 10.05.2026 во спортска обложувалница во с.Теарце со употреба на сила отвориле сеф од каде одзеле пари. Во периодот од 23.05.2026 до 26.05.2026 од магацинскиот простор на бензинска станица во с.Пирок одзеле повеќе пакувања цигари.
Исто така, во периодот од април до септември оваа година, пријавените во шест наврати влегувале во куќи и други објекти во с.Камењане, с.Долно Палчиште, с.Нераште, с.Теарце и с.Радиовце, вршеле пребарување, но не одзеле ништо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…