Кривичниот суд го добил барањето на Палевски за адвокат

t

Од Истражниот затвор Скопје до Основниот кривичен суд Скопје е доставно официјално известување за екстрадиција на осомничениот Љ.П., за кој веќе е определна мерка притвор од негово пронаоѓање, односно лишување од слобода, како и барање за ангажирање на адвокат кој ќе го застапува во текот на постапката, пишува Слободен печат.

Како што информира денеска Основен кривичен суд Скопје, Судот, во рамки на законските одредби ги издава сите дозволи поврзани со истражната постапка, која е во надлежност на Основно јавно обвинитeлство – Скопје и добиените барања ги доставува до предложените адвокати за нивно понатамошно постапување.

– Дополнително, судија на претходна постапка во координација со надлежниот Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод на осомниченото лице за негово произнесување во однос на околностите во предлогот на Јавниот обвинител за определување на мерката притвор, а за донесеното решение јавноста ќе биде известена, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

По повеќе од пет месеци поминати во екстрадициски притвор во Турција, на 15 мај 2024 година во земјава беше екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска на 27 ноември 2023 и на пензионерот Панче Жежовски.

Палевски со конвој од пет возила на Интерпол беше спроведен во Истражниот затвор Шутка, откако претходно слета на Меѓународниот аеродром во Скопје со редовна линија Истанбул – Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…

Се обидуваме да ја развиваме државата, да…