Кривични за инцидентот во Кратово: Две лица нападнаа полицајци
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ј.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, против Д.К.(23), А.С.(23) двајцата од Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице при вршење службено дејствије“ и против Д.М.(30) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
– На 08.01.2024 првопријавениот на плоштадот во Кратово, со остар предмет физички ги нападнал С.П.(22) и М.Д.(20). При приведувањето на првопријавениот, второпријавениот и третопријавениот физички ги нападнале полициските службеници, по што на местото на настанот пристигнал четвртопријавениот со патничко возило, во кое се качиле останатите пријавени, соопштија од полицијата во дневнито билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стабилноста, безбедноста и европската перспектива во фокус…
Стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен…
Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување…
Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба…
Игор Ивановски, Андреј Петров и поранешните функционери…
Почнувајќи од следната недела, пред лидерот на…
Урко: Напаѓаме две светски злата, македонските кикбоксери…
Македонската кикбокс репрезентација испишува историја на Светското…
Горан Герасимовски е избран за потпретседател на…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…