Објавено на:

Кривични пријави за крадци од Гостивар, расчистени осум кражби

t

ССекторот за внатрешни работи Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар расчисти осум кражби и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривични пријави против Е.А.(26), И Ф.(30) и малолетник, сите од Добридол, и против Л.С.(40) и С.И.(36) од гостиварско Форино.

Како што информираат од МВР, првите тројца пријавени од Добридол се сомничат дека во текот на овој месец во неколку наврати противправно одзеле добиток од штала во гостиварско Сенокосе и го продале на други лица, а двајцата форинци дека во март годинава извршиле тешки кражби во маркети во Гостивар.

Вкупната имотна корист со која противправно се стекнале петмината осомничени се проценува на 244 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…

Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…

Малолетник натепан од мајка му и сестра…

Гостиварчанка пријавила во полиција физички напад врз…

Гостиварец заминал на работа и исчезнал, по…

60-годишен гостиварец доцна синоќа бил пронајден починат…

Гостиварци нема да ги плаќаат фактурите за…

Со последната одлука на Општинскиот совет, гостиварци…