Објавено на:

Кривични пријави за тројца од Подградец кои шверцувале производи од македонска територија

t

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца жители на општина Подградец, поради шверц на разна стока од македонска на албанска територија.

Кривични пријави се поднесени против Ј.Д.(43), М.Ч. (38) и Е.Б.(28) кај кои полицијата  пронајде прехрамбени производи, нафта и друга стока  прошверцувани од Македонија, стои во полициското соопштение.

Според полицијата, кај лицето Ј.Д. жител на село Мемелишта, Поградец, при претрес во неговото возило и во перална за возила, која ја користел, пронајдени се прехранбени производи.

Кај останатите две лица жители на селото Удениш, Подградец, во возила, во нивна сопственост, била пронајдена поголема количина нафта и друга стока.

Шверцуваната стока е одземена како материјален доказ. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама најави построги казни за протестите во…

Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…

Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…

Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент

За време на денешната седница албанскиот парламент…

Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…

Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…