Кривични пријави против две лица и фирма, склучиле 19 договори за јавни набавки со фалсификувани банкарски гаранции
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата Љ.П. и З.А. во својство на управители на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, како и против самото правно лице, поради сомнение за сторени кривични дела „Фалсификување исправа“ од чл. 378 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија и „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“ од чл. 275-в од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.
Како што се наведува во соопштението од Управа за финансиска полиција, во период од 01.01.2021 година до 31.12.2024 година, пријавените во 19 постапки за јавни набавки пред 12 јавни и државни институции свесно употребиле 19 лажни исправи – фалсификувани банкарски гаранции за целосно, навремено и квалитетно исполнување на обврските.
-На ваков начин со поднесување на невистинита документација свесно ги повредиле прописите на постапката за доделување на договор за јавнa набавкa и склучиле 19 договори за јавни набавки, со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 56.764.827,00 денари, наведуваат од Управата за финансиска полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курти доаѓа во Скопје
Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска…
Во чест на Доли Партон, Трамп нареди…
Доли Партон, една од најголемите ѕвезди на…
116 години од раѓањето на Мајка Тереза
На денешен ден, пред 116 години, во…
Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад…
Интензивното гаснење на пожарот на градската депонија…
Златото се искачи на 4.700 долари, растат…
Цените на металите на светските берзи денеска…