Објавено на:

Кризата тропна и таму: Бајден предлага замрзнување на даноците за бензин и дизел

t

Американскиот претседател Џо Бајден го повика Конгресот на САД да ги замрзне федералните даноци за бензинот и дизелот за три месеци.

Бајден ги повика и државите да ги замрзнат даноците за бензинот или да обезбедат слични поволности. Тој ја критикуваше енергетската индустрија што дава приоритет на профитот пред производството.

Данокот на бензинот е 18,4 центи за галон (околу 3,78 литри), а на дизелот 24,4 центи за галон.

„Знам дека ова нема да ја намали сериозноста на проблемот, но ќе биде од голема помош“, рече Бајден за неговиот предлог, имајќи ги предвид напорите на администрацијата да го спречи зголемувањето на цените на бензинот.

„Јас го правам она што зависи од мене. Сакам и Конгресот, американската влада и индустријата да ја завршат својата работа“, рече американскиот лидер.

Идејата за замрзнување на данокот за гориво наиде на силно противење во Конгресот, вклучително и од многу демократи.

Високите цени на бензинот се голем политички проблем за Бајден и демократите во Конгресот, кои се борат да ја задржат контролата над највисокото законодавно тело на вонредните избори во ноември.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…

Минесота е во шок откако државната претставничка…