Кризниот штаб одлучи: Пократка изолација за заболените од Ковид-19

t

Втора седница на Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19: Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

Ве известуваме дека синоќа, 24 јануари 2022 година, Главниот координативен кризен штаб ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

На седницата се дискутираше и се усвои препорака за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена.

Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести, поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот.

Препораката е доставена до Владата на Република Северна Македонија и треба да биде дискутирана на следната владина седница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Со ДПМНЕ е можно само враќање…

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад…

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…