Објавено на:

Крим го продава национализираниот имот на украинските олигарси: И Зеленски ќе остане без луксузниот стан!

t

На Крим се одржаа првите осум аукции за продажба на национализираниот имот на украинските олигарси кои усвоија непријателски однос кон Русија, објави претседателот на Кримскиот парламент Владимир Константинов.


Склучени се купопродажните договори во вредност од над 815 милиони рубљи (околу 8,5 милиони долари), рече тој и додаде дека станува збор за станбени и деловни објекти.
Како што наведе, по аукциите буџетот на Крим треба да се зголеми за околу 27 милиони рубљи.
Претходно, парламентот донесе одлука за национализација на неколку украински олигарси поврзани со режимот во Киев.
Меѓу нив се, меѓу другите, најбогатиот Украинец Ринат Ахметов, бизнисменот Игор Коломојски кој неодамна беше уапсен во Киев под обвинение за корупција, поранешниот украински премиер Арсениј Јацењук.

Планирано е на овој начин да се продадат околу 100 згради, меѓу кои и станот на украинскиот претседател Владимир Зеленски во одморалиштето Ливадија.
Според лидерот на Крим Сергеј Аксјонов, добиените средства ќе бидат наменети за учесниците во специјалната воена операција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…