Крмов: Да видиме дали СДСМ ќе ги блокира препораките од ОБСЕ/ОДИХР и една изборна единица

t

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов со критики кон СДСМ поради нивното отсуство од работната група за измени на Изборниот законик, оценувајќи дека партијата го блокира процесот на изборни реформи, се вели во соопштението од Левица, што МИА го пренесува интегрално.

Крмов посочи дека работната група продолжила со работа и без присуството на СДСМ, а во фокусот ги стави и предлозите за една изборна единица и препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

„Ајде баш да видиме дали СДСМ ќе ги блокира предлозите од ОБСЕ/ОДИХР и една изборна единица. Дали целосно ќе се разоткријат како најобични опортунисти и политички позери без став“, напиша Крмов.

Тој оцени дека работната група продолжила „најконструктивно“ и без учество на претставниците на СДСМ кои поради незадоволство од укинувањето на Пржинската влада, го бојкотираат процесот.

„СДСМ, многу ‘увредени’ од укинувањето на Пржинската влада, со нивното отсуство го блокираат процесот“, наведе пратеникот од Левица.

Крмов во објавата упати и иронична забелешка кон функционерите на СДСМ, Оливер Спасовски и Јован Митрески, поради нивно патување во Швајцарија.

„Тоа не го спречи двоецот Спасовски и Митрески да се прошетаат до Швајцарија каде ќе разгледуваат тешки ‘етички’ проблеми и дилеми. Може и тука требаше некое бесплатно патување да им понудиме, па можеби и ќе останеа“, им порача Крмов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Успешно ја завршивме 40-дневната операција, Русија…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е…

„Ракот на татко ми се проширил, тажно…

Поранешниот американски претседател Џо Бајден се наоѓа во…

(Видео) Иран објави снимка од Хамнеи по…

Иранската агенција „Мехр“ објави нова снимка на…

Три дена протести на земјоделците од Струмичко

Земјоделците  деновиве  го изразуваат незадоволството поради ниската…

Пезешкијан: Сега е најдобро време за постигнување…

Сегашните околности се најдобра можност за постигнување…