Крмов: Македонскиот народ мора да го препознае троецот СДС-ДПМНЕ-ДУИ како злосторничко здружение!
Македонскиот народ мора да го препознае троецот СДС-ДПМНЕ-ДУИ, како злосторничко здружение! – пишува пратеникот од редовите на Левица, Борислав Крмов по вчерашното донесување на измените на Кривичниот законик.
– Без КВОРУМОТ обезбеден од ДПМНЕ, Кривичниот законик немаше да биде донесен. Единствено ПРОТИВ ќе беше ако ДПМНЕ не беа во салата.
Вака, ДПМНЕ со помош на СДС-ДУИ си ги амнестираше функционерите за милионски криминал, на чело со Груевски.
Замислете, веќе денес пратеникот Игор Јанушев од ДПМНЕ, доби условна казна од 2 години за 5 милиони евра криминал во ЈСП.
Реалноста е побизарна од скеч на К-15.
Додека функционерите на СДС-ДПМНЕ-ДУИ ќе добиваат само условни казни, обичен народ лежи години затвор за храна!
Зошто посегнал по корка леб! Од глад. За храна!
#ШирокаКоалиција – напиша Крмов на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ за 23 Октомври: Македонија е наследство…
ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 23 Октомври…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…