Крпен живот, едвај се преживува и со илјада евра
Државниот завод за статистика пресмета дека априлската просечна месечна исплатена нето-плата по вработен исто така е зголемена и изнесува 41.085 денари и е за 13,7 отсто повисока отколку во истиот месец од минатата година. Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), минималната синдикална кошница во јуни годинава достигна 60.325 денари. Таа е покачена за 235 денари споредена со месец мај кога беше 60.090 денари.
Минималната синдикална кошница во јуни годинава достигна 60.325 денари. Таа е покачена за 235 денари споредена со месец мај кога беше 60.090 денари.Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во јуни едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 21.952 денари или 36,4 отсто од вкупниот износ на минималната кошничка. За облека и обувки неопходни се 4.962 денари, за станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.014 денари, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 1.827 денари, за здравје 1.069 денари и за транспорт 4.871 денар.

За комуникација на едно четиричлено семејство во јуни годинава му биле неопходни 3.240 денари од вкупниот износ на минималната кошничка, за рекреација и култура 4.378 денари, за образование 7.022 денари, за ресторани и хотели 3.890 денари, а за останати стоки и услуги 1.100 денари.
Според пресметките на ССМ, за оние семејства што живеат во стан под кирија потребни им се дополнителни 15.375 денари.Во однос на јануари годинава, кога минималната синдикална кошница изнесуваше 57.163 денари, овој месец таа е зголемена за 3.162 денари или за 5,5 отсто.
Државниот завод за статистика пресмета дека априлската просечна месечна исплатена нето-плата по вработен исто така е зголемена и изнесува 41.085 денари и е за 13,7 отсто повисока отколку во истиот месец од минатата година.
Статистичарите анализираат дека ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Образование за 21,8 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство за 18,6 и Информации и комуникации за 18 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, пак, во однос на претходниот месец е забележано и во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство за 6,3 отсто, Информации и комуникации за 5,7 и Транспорт и складирање за 4,9 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…
Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…