КСОМ најавува штрајк: Владата троши непродуктивно, работниците едвај врзуваат крај со крај

t

Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) бара од Владата итно да се одржи седница на Социјално-економскиот совет.

Според КСОМ, причина за ваквото барање е актуелната состојба „која е неиздржлива поради енормно покачените животни трошоци“.

Доколку не се исполнат барањата за итна седница, КСОМ најавува дека ќе одржи штрајк.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата и главен генерален координатор на независните синдикати во Македонија Гоце Делчев Тодев рече дека од мај годинава огромен е бројот на граѓани кои ја напуштаат земјава, особено од секторите полиција, здравство и образование.

Оценка на КСОМ е дека годишно од земјава заминуваат пет отсто од вработените во образованието.

„Апелираме и до останатите синдикати на национално ниво, да седнеме и заеднички да донесеме став. Доколку ни се приклучат, ќе бидеме уште посилни како работници. Доколку не сакаат да се приклучат на нашата иницијатива, ние веќе донесовме одлука. Ќе правиме штрајкови и протести, а за датумот дополнително ќе известиме“, истакна на денешната прес-конфернција претседателот на КСОМ Марјан Ристески.

Според КСОМ, граѓаните се осиромашени и не можат да опстанат зашто се е поскапено, а платите се на исто ниво, додека Владата прави непродуктивни трошоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тасевски: Контрола на летање ќе штрајкува на…

Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска…

Обвинителствата: Услови како да се вработуваат во…

Несериозниот пристап кон проблемот со платите на…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Премногу работеле? Вработените во обвинителствата на штрајк

Вработените во обвинителствата бараат повисоки плати и…

Работниците во автомобилската индустрија на САД заедно…

Работниците во автомобилската индустрија на САД на…