КСС со закана: Генерален штрајк на администрацијата ако не се зголемат платите

t

КСС најавува генерален штрајк на цела администрација во март доколку со зголемениот минималец не се зголемат и останатите плати. Од конфедерацијата на слободни синдикати велат дека ќе се обидат преку социјален дијалог со Владата да го решат проблемот со скалстото зголемување на платите.

– Ние сме синдикат кои што сака да го решава работите низ социјален дијалог, но ако бидеме притиснати во ѕид тогаш ќе одговориме соодветно. Има најразлични барања директно да се оди на генерален штрајк, рече Благоја Ралповски- Конфедерација на слободни синдикати.

Изедначувањето на платите кое ќе се случи со зголемиот минималец ќе создаде хаос во институциите велат од СОНК

– Државата како најголем работодавач на работниците треба да има исти аршини кон сите во јавниот сектор. Веројатно ќе дојде до генерален штрајк во целата администрација каде јавна администрација буквално ќе го парализира функционирањето на државата. Тоа не би сакале да се случи но ако одат работите многу споро и несериозно тоа ќе дојде, рече Јаким Неделков- Претседател на СОНК.

И од Институтот за економски истажувања Finance Thik предупредуваат на дека бројот на вработени кои ќе примаат минимална плата драстично ќе се зголеми.

– Со зголемувањето на минималецот на 18 илјади денари, близу 170 илјади вработени кои примале под тој износ, ќе се изедначат со групата од 18.000 до 20.000 денари, која веќе брои близу 50 илјади вработени, велат од Институтот за економски истажувања Finance Thik.

Премиерот Ковачевски денеска го повтори ставот дека минималната плата важи за сите работници во земјата без разлика дали се во приватен или јавен сектор. Скалестото зголемување на платите е согласно потпишаните колективни договори и тие мора да се почитуваат согласно член осум од Законот за минимална плата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителствата: Услови како да се вработуваат во…

Несериозниот пристап кон проблемот со платите на…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Премногу работеле? Вработените во обвинителствата на штрајк

Вработените во обвинителствата бараат повисоки плати и…

Работниците во автомобилската индустрија на САД заедно…

Работниците во автомобилската индустрија на САД на…

24-часовен штрајк на бродскиот сообраќај во Грција

Траектите во цела Грција денеска ќе останат…