Куба и Колумбија го осудија американскиот напад врз Венецуелa
Куба и Колумбија го осудија американскиот напад врз Венецуела и повикаа на остра реакција од меѓународната заедница.
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез објави на социјалните мрежи дека неговата земја го осудува „криминалниот напад од страна на САД“ врз Венецуела и повика на итна осуда од страна на меѓународната заедница за она што го опиша како „државен тероризам против храбриот венецуелски народ и против Наша Америка“.
Претседателот на соседна Колумбија Густаво Петро побра итен состанок на Советот за безбедност на ОН и „осуда на американската агресија“.
– Тие моментално го бомбардираат Каракас… го гаѓаат со ракети. Колумбија е членка на Советот за безбедност на Обединетите нации и мора веднаш да се свика итен состанок. Да се утврди меѓународната легалност на агресијата против Венецуела, напиша Густаво Петро на X.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Први снимки од земјотресот во Колумбија,…
Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени…
Маж е пронајден жив под урнатините речиси…
Колумбиските спасувачки екипи денеска водеа трка со…
Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…
Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…
ЕУ гарантира итна помош по земјотресот во…
Европската Унија издвои во првиот круг 100.000…
Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш…
Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко…