Куба осуети завера за напад: Уапсени 30 лица кои планирале напади од територија на САД
Куба првпат ги откри деталите за таа завера во декември, кога властите соопштија дека Кубанец кој живее во САД, Арденис Гарсија, пристигнал на островот со скутер за вода, вооружен, за да регрутира нови членови за својата група.
Кубанскиот истражител Виктор Алварез изјави дека со седуммесечната истрага е откриен план кој вклучувал 32 граѓани на Куба и група со седиште во САД под името “Ла Нуева Национ Кубана”, за која кубанските власти тврдат дека планира напади на Куба од американска територија.
Властите наведоа дека Гарсија се наоѓа во притвор на Куба и дека се соочува со обвиненија за трговија со луѓе во САД.
Според кубанските власти, американските владини агенции биле информирани за резултатите од истрагата. Куба во декември објави листа на странски државјани и групи, вклучувајќи ја и “Ла Нуева Национ Кубана”, која ја обвинува за вмешаност во тероризам.
На листата има десетици лица за кои Куба тврди дека биле вмешани во бомбашки напади на хотели, поттикнување на немири и обиди за атентат врз поранешниот претседател Фидел Кастро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…
Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…
ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…
Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…
Се запалиле бандери за електрична енергија во…
Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…
Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…
Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…
ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…
Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…