Кузеска: Бизнисите им се пред луѓето, скандалот со загинатиот работник поврзан со луѓе блиски до Николовски и ДПМНЕ

t

На повидок е голем скандал, за жал со трагични последици, кој директно и индиректно се поврзува со Белата палата и опозициската ДПМНЕ. Скандал кој покажува дека на ДПМНЕ не им се важни човечките животи туку бизнисите и дека непочитувањето на законите е нивна одлика вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– На 17 ноември, при ископ за изградба на нова зграда, на улица „Пиринска“ во Скопје загинал работник кој управувал со багер. За оваа трагедија во којашто за жал е загубен човечки живот има поднесени кривични пријави за незаконско работење. Градежната јама не била соодветно обезбедена, не биле преземени безбедни услови за работниците. Загубен е човечки живот а прекршен е законот. Одговорност за овој случај мора да има и затоа надлежна институција веќе има поднесено кривични пријави. Очекуваме од страна на надлежното Јавно обвинителство целосно да се расчисти случајот и да понесат одговорност сите инволвирани. Но, граѓаните треба да знаат дека во случајов станува збор за работник кој бил ангажиран за компанија на Ивица Георгиевски – Фреди. Човек близок до ДПМНЕ и актуелниот потпретседател Александар Николовски, рече Кузеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во понеделник ќе се одлучува дали ќе…

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност в…

Рикер: Прашање на време е кога ќе…

Поранешниот шеф на УНМИК на Косово, Јоаким…

(Видео) Левица претстави идеен проект: Ќе изградиме…

Левица ќе изгради спомен обележје на бранителите…

Кои се најопасните земји за посета во…

Јужен Судан, Либија и Авганистан се најопасните…

Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови…

Нови 27 случаи на голема кашлица се…