Кузеска му однесе документи на Мицкоски за Меџити: Предаваме документи до самопрогласениот обвинител, кадија и врховен судија

t

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, достави документи до Владата со кои тврди дека вицепремиерот и министер Изет Меџити работел незаконски. Таа го отвори и прашањето за земање мито со вакво постапување. За Мицкоски пак, рече дека постапувал и како обвинител и врховен судија.

„Предаваме документи до самопрогласениот обвинител, кадија и врховен судија. Денес ќе му ги доставиме документите на премиерот Мицкоски за скандалот со вицепремиерот Меџити. Чувствуваме одговорност да реагираме веднаш откако тој јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата“, рече Кузеска.

Според неа, документите се релевантни бидејќи се од државни институции со архивски броеви, печати и потписи.

„Овде е наведено дека Државниот управен инспекторат констатирал неправилности дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети. Дали на овој начин сакал да воспостави контрола, за да има простор да ги уценува фирмите и граѓаните? Според наведеното во документите во Министерството имало систем за потпис, и одлулучување спортивно на законите и административните процедури, што отвора сомнеж за корупција и мито. Очекуваме Мицкоски да ги прчоита и разгледа и да одговори на сите сомнежи за можна корупција. Да видиме дали ќе преземе нешто Мицкоски или ќе продолжи да ги штити“, рече Кузеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…