Кулеба: Војната нема брзо да заврши
Поранешниот шеф на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави денеска дека не очекува брзо завршување на војната меѓу Украина и Русија кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе власта.
„Би сакал да ги потсетам сите дека клучот за мирот е во Москва, а не во Киев“, изјави Кулеба за Си-Ен-Ен.
Во својата претседателска кампања, Трамп конкретно нагласи дека ќе може да ја заврши војната уште првиот ден по доаѓањето на власт, ако не и порано, но не прецизираше како ќе го направи тоа, наведува Политико.
Кулеба, кој беше министер за надворешни работи на претседателот Володимир Зеленски од март 2020 година до септември оваа година, рече дека брз крај на конфликтот е малку веројатен поради три фактори.
„Пред се, она што со сигурност го знам е дека Зеленски нема да замине под притисок“, изјави Кулеба.
Според него, вториот фактор е тоа што Украина нема да се согласи на никакво брзо решение, а третиот и најважен фактор е дека клучот за мирот е во Москва, а не во Киев.
На прашањето дали постои загриженост во Украина дека Трамп и неговиот тим ќе ја принудат Украина да прифати мировен план кој ќе бара од таа земја да отстапи територија што моментално ја држат руските сили, што е околу една петтина од територијата на Украина, Кулеба одговори дека Киев „ не гледа низ розови очила“ на новата администрација на Трамп.
„Тој рече дека всушност треба да се постави спротивното прашање, што би можел да го прифати рускиот претседател Владимир Путин за да се обезбеди прекин на огнот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во пристаништето Драч, запленети 107,7 килограми канабис…
Албанската полиција во рамки на операцијата „Сидро…
Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…
Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…
Трамп вети по 5.000 долари за секој…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, му вети…
Цената на нафтата скокна над 100 долари…
Цената на суровата нафта „Брент“ во средата…
Денес се празнува Преподобен Мојсеј Мурин
Родум Етиопјанин, а најнапред по занимање беше…