Објавено на:

Кулеба: На Русија не може да ѝ се верува!

t

Шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба, по потпишувањето на Договорот за извоз на украинското жито, истакна дека на Русија не може да ѝ се верува.

– Имаме доверба во ОН како иницијатор на овој Договор и во институцијата и во нивниот генерален секретар, кој ја вложува својата репутација и способност да обезбеди функционирање на овој Договор и неговото почитување од страна на Русија, која прекрши голем број други договори, истакна Кулеба.

За време на церемонијата на потпишување во Истанбул рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков не седеа на иста маса. Шојгу и Кубраков потпишаа два идентични документа со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, на барање на Украина, која одби да парафира каков било документ со Русија. На церемонијата присуствуваше и претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

– Украина не и верува на Русија. Мислам дека никој нема причина да и верува на Русија, наведе Кулеба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…