Кулеба: Некои западни земји чекаат Украина да падне
Некои западни земји чекаат Украина да се предаде за сите проблеми да се решат самите од себе, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.
-Министрите за надворешни работи честопати ме прашуваат во интервјуа и разговори: колку долго можете да издржите? Наместо да прашаат: што друго треба да се стори за да се победи во најкусиот можен рок – рече шефот на украинската дипломатија во интервјуто со украинскиот новинар Дмитро Гродон.
Според Кулеба, се добива чувството дека сите чекаат Украина да падне и оти проблемите самите од себе ќе исчезнат.
-Кога станав министер, имав мечта да отворам нови хоризонти за Украина. Претседателот (Володимир Зеленски) постојано разговара со африканските челници, со латиноамериканските, австралискиот премиер допатува во земјата (…) Тоа е освојување на светот, да, едноставно сакам да се издигнам до тоа – признава Кулеба во интервјуто емитувано на YouTube.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…