Кулеба: Покажавме дека сме способни да ги победиме Русите само ни треба повеќе оружје
Успехот на Украина во борбата против Русија покажува дека земјата може да ги победи, но на Киев му треба повеќе оружје од своите партнери, изјави синоќа украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Москва вчера го напушти своето главно упориште во североисточна Украина, откако украинските сили го забрзаа напредувањето.
Кулеба, зборувајќи на прес-конференција со германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок која беше во посета на земјата, рече дека некои сојузници првично не сакале да испратат оружје, наведувајќи го ризикот од антагонизам од рускиот претседател Владимир Путин.
– Сега, фала му на Бога, повеќе не го слушаме овој аргумент. Покажавме дека сме способни да ја победиме руската армија. Тоа го правиме со оружјето што ни е дадено. И затоа повторувам – колку повеќе оружје добиеме, толку побрзо ќе победиме и толку побрзо ќе заврши оваа војна, рече тој.
Иако Германија испрати самоодни топови во Украина, Киев сака и борбени тенкови Леопард, борбени возила Мардер и противвоздушни тенкови Гепард.
– Секој ден, додека некој во Берлин размислува, се консултира или разгледува дали да даде тенкови или не, некој умира во Украина, поради фактот што тој тенк не пристигнал, рече тој.
Баербок вети натамошна воена помош и не ја исклучи можноста за испорака на борбени тенкови.
– Знам дека времето е клучно. Следните неколку недели и месеци ќе бидат од суштинско значење, рече таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…