Кумановка украла телефон и платежна картичка па заврши во станица
Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 11.45 часот на ул.„11 Ноември” во Куманово ја лишиле од слобода Д.И.Д.(36) од Куманово. Таа се сомничи дека на 12 јануари 2023 околу 08.30 часот во аптека на ул.„11 Октомври” од лицето Г.М.(38) од Куманово одзела мобилен телефон и платежна картичка, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР додадоа дека одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, наведоа од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двегодишно дете се затруло со лекови во…
Уште еден случај на затруено дете во…
Еден осомничен за обид за тешка кражба…
Дваесетгодишник од Гевгелија е осомничен за кривично…
Двајца мигранти нападнале гевгеличанец и му го…
СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Основното…
(Видео) Во Куманово се одржа собир за…
Голем број граѓани денеска се собраа во…
(Видео) Жена краде кутија со донации од…
На социјалните мрежи е објавено видео од…