Кумановското обвинителство објасни зошто Ѓорѓе Давид, кој прегази жена, е се уште во Македонија

t

Минатиот викенд музичарот Ѓорѓе Давид доживеа сообраќајна несреќа во Македонија кога налета на жена која што се движела по автопатот кај Табановце и ја усмртил.

Пејачот поминува низ вистинска агонија откако тоа се случи, а иако се шпекулираше дека се вратил во Србија, тој синоќа се огласи и откри дека се уште е во Македонија, објави српски Телеграф.

Сега се огласи обвинителството и објасни зошто Ѓорѓе Давид се уште е таму.

– Личните документи на осомничениот се во Основниот суд Куманово. Во петокот судот донесе одлука за промена на безбедносните мерки, но таквата одлука се уште не е конечна. За одлуката не е побарано мислење од обвинителството. Истрагата за причините за сообраќајната несреќа се уште трае – велат за „Блиц“.

Инаку, српскиот музичар се огласи на својот Инстаграм од Македонија.

– Не добив документи и не заминав од Македонија. Моите документи се во ОЈО Куманово. Кога ќе ги земам документите и ќе ја поминам границата, прв ќе соопштам – изјави Ѓорѓе Давид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…

Засилено полициско присуство е забележано утрово на…

Сопственик на фирма за технички преглед на…

Управител на друштво за технички прегледи на…

ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…

Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…