Куновска: Филипче треба веднаш да се спакува од „Бихаќка“, тој што го постави ни покажуваше „магарешки стапови“

t

Поранешната висока функционерка во СДСМ и екс-пратеничка, Софија Куновска упати силни критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Таа тврди дека Филипче бил „сомнително избран“ за претседател на партијата.

-Оној сомнително избран претседател на СДСМ, кој има никаков легитимитет е скоро ист примитивец како оној што го постави и кој ни покажуваше “магарешки стапови” по прес конференции. И на СДСМ, но уште повеќе и на Македонија и е потребно веднаш да се спакува од Бихаќка и да си замине, стои во јавната објава на Куновска.

Засега Куновска не е дел од „Платформата 12.05“ која бара реформи и промени во редовите на СДСМ, почнувајќи од раководството.

Филипче вчера упати директни критики кон Игор Ивановски и Славјанка Петровска кои сега се дел од „Платформата 12.05“. Тој го доведе во прашање нивниот кредибилитет да предлагаат како треба да се води партијата.

-Нека ми се тргнат од патот, затоа што ќе ги згазам како шлепер жаба, да ги потсетам на нешто од нивното врем, рече Филипче.

„Уште еден пример за неговиот авторитарен карактер. Филипче користи крајно примитивен речник, се служи со подмолни конструкции“, одговори „Платформата 12.05“, обвинувајќи дека „сè повеќе личи на неговиот поранешен работодавец Никола Груевски“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Два американски воени авиони слетаа на аеродромот…

Два големи американски воени авиони биле забележани…

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во…

Во тек се подготовките за заминување на…

Предлог Дара да биде прогласена за почесен…

Претседателот на Општинскиот совет на Софија (ОСС),…

(ФОТО) Американски воени авиони на аеродромот во…

Извори на бугарскиот портал „Сега“ и објави…

Пожар во станбена зграда во Софија, една…

Жена на возраст од 45 години го…