Купувал дрога па завршил во болница, видел полицајци па ги голтнал купените пакетчиња дрога
Вчера полицијата во Велес уапси две лица откако биле затекнати како тргуваат со дрога извести СВР Велес. Се работи за М.Т.(48) и Ѓ.Д.(39), двајцата од Велес.
Околу 09.00 часот, Ѓ.Д. бил затекнат како му продава две пакувања со кафена прашкаста материја на М.Т., кој пак ги проголтал пакувањата откако ги забележал полициските службеници, по што бил пренесен во болница во Велес. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во домот на Ѓ.Д., при што биле пронајдени и одземени 14 пакувања со кафеава прашкаста материја и пари.
„По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обивнител, против Ѓ.Д. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”, соопшти МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…
При редовна проверка на пакет во затворот…
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…
Пет дена боледување од матичен – Нови…
Од 1 декември се менуваат правилата за…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…