Курти бара меѓународната заедница да ја притисне Србија да ги отстрани воените бази околу Косово
Меѓународната заедница да изврши притисок врз Србија за да бидат отстранети воените бази околу Косово бара косовскиот премиер Албин Курти.
Тој во интервју за Си-Ен-Ен, рече дека Србија е „многу агресивен сосед“ и дека „чека можност да влезе во Косово“, а тоа треба да го спречат западните партнери, пренесе Нова.рс.
„Околу границата има 48 оперативни бази кои чекаат можност. Она што го бараме од западните партнери е притисок врз Белград да ги повлече овие бази, од кои секоја има по 50-150 војници“, рече Курти.
Тој оцени дека Србија и Русија се слични поради заедничкиот интерес и желбата да ги прошират своите територии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…