Објавено на:

Курти вo петок во Тетово и во Чаир, Касами организира забава

t

Косовскиот премиер Албин Курти во петок ќе ги посети Тетово и скопски Чаир, како гостин гостин на градоначалниците Биљал Касами и Висар Ганиу.

Според најавите, за време на престојот во Тетово, по разговорите во Општината Касами и Курти ќе го посетат селото Вејце и ќе ја промовираат идејата за поврзување на Тетово и Призрен со регионален пат, по што следува забава. На централниот плоштад Илирија ќе се одржи културно забавна манифестација посветена на доаѓањето Курти, на која што ќе учествуваат повеќе актери и музичари.

Во Чаир, пак, предвидено е косовскиот премиер да се сретне со градоначалникот Висар Ганиу, но и со Изет Меџити како основач на новата политичка партија „Демократско движење“. Со Ганиу ќе ја отворат улицата која го носи името на албански патриот и деец Адем Демачи, додека со Меџити ќе разговараат за политичките случувања во земјава, со акцент на активностите кои ги предвидува политичката партија која по заминувањето од ДУИ ја формира нивниот поранешен потпретседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…