Објавено на:

Курти ги покани Србите во Косово да се вратат во институциите во кои работат

t

Косовскиот премиер Албин Курти ги повика Србите да се пријават за изборите во четири општини на северот на Косово, закажани за 23 април, потсетувајќи дека среда е последен ден за пријавување.

„Важно е сите оние кои сакаат да се занимаваат со политика на општинско ниво во четирите општини на северот на Косово, оние кои сакаат политички да ги застапуваат интересите на граѓаните, во овој случај на српското малцинство, да ги искористат последните часови и да се пријават за учество на изборите на 23 април“, рече тој.

Курти ги повика и Србите да аплицираат за влез во институциите на Косово, пренесе Танјуг.

„Не повикав да се вратат во институциите на Косово, но постојано ги повикував сите што се заинтересирани не само за политиката, туку и за јавните служби, како што се полицијата, здравството, образованието…“, рече тој и додаде дека „сите Срби имаат право на тоа“.

Курти истакна дека не може да му каже на „оној што ја фрлил униформата на Република Косово ниту на тој што добил наредба во Белград по неговата оставка“ да се врати во институциите на Косово.

Курти тврди дека, според информациите што ги има од Министерството за внатрешни работи на Косово, „Србите се сè позаинтересирани за учество во институциите на Косово“, дури и за „замена на [регистарските] таблички“.

Претставниците на Српската листа во вторникот на средба со американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер повторија дека нема да учествуваат на изборите закажани за 23 април се додека не се исполнат барањата поради кои ги напуштија институциите на Косово, т.е. додека не се формира Заедница на српски општини (ЗСО) и до повлекување на специјалните полициски единици од северот на Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите…

Европскиот парламент изгласа визна либерализација за имателите…

Предлог за враќање на воениот рок во…

Оценка и предлог за враќање на обврската…

Вучиќ: Ќе му покажеме на светот како…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија…

(Видео) Курти ги повика сите етнички заедници…

Косовскиот премиер Албин Курти ги повика сите…

Советот за безбедност на ОН денеска расправа…

Седницата на Советот за безбедност на Обединетите…