Курти е во тежок филм: Ги одби барањата на ЕУ и САД
Владата на Косово донесе одлука со која од 1 до 21 ноември на Србите кои не ги пререгистрирале возилата со регистарски таблички РКС ќе им се издава предупредување, додека казната ќе важи до 21 јануари.
На владината седница е одлучено Србите од 21 јануари до 21 април да користат пробни таблички, а потоа на Косово и Метохија да не се дозволуваат други регистарски таблички освен РКС.
Косовскиот премиер Аљбин Курти изјави дека оваа одлука предвидува редослед и ескалација на санкциите, односно оние кои нема да ја спроведат одлуката за замена на регистарските таблички ќе добијат опомена во траење од три недели.
– Од 1 до 21 ноември ќе се изрекува опомена, а потоа од 21 ноември во период од два месеца до 21 јануари ќе се изрече парична казна. А потоа, од 21 јануари ќе имаме пробни регистерски таблички уште два месеци, а потоа на 21 април нема да може да се дозволат други таблички на Косово – рече Курти.
Амбасадорите на Квинте, да потсетиме, денеска се сретнаа со премиерот на лажната држава Косово, Аљбин Курти, непосредно пред почетокот на владината седница, барајќи 10-месечно продолжување на рокот за пререгистрација на возилата на табличките на РКС!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…
Во најавената епизода на „На кавга со…
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…